Услови за користење
Последно ажурирање: февруари 2026
Со користење на денар.мкд, се согласувате со овие услови.
Услуга
денар.мкд е платформа за е-фактурирање усогласена со УЈП е-Фактура системот. Услугата овозможува креирање, дигитално потпишување и испраќање на електронски фактури до УЈП.
Оператор на услугата
Услугата денар.мкд е сопственост и се управува од Tara Vision, LLC, компанија регистрирана во Соединетите Американски Држави.
Плаќање
денар.мкд нуди бесплатна пилот фаза до јули 2026. По пилот фазата, плаќањето ке се врши на два начини:
- -Плаќање со картичка - обработено од Stripe преку Tara Vision, LLC
- -Банковен трансфер - фактура издадена од Тара Визија ДООЕЛ Охрид, компанија регистрирана во Република Северна Македонија, овластена од Tara Vision, LLC за наплата на домашниот пазар
Тара Визија ДООЕЛ Охрид и Tara Vision, LLC се две одвоени правни лица со одвоено сметководство и даночно пријавување. Тара Визија ДООЕЛ Охрид делува исклучиво како овластен наплатувач за клиенти кои преферираат банковен трансфер.
Дигитални сертификати
Вашите квалификувани дигитални сертификати (.p12) се шифрирани со AES-256-GCM на нашите сервери. Приватните клучеви се дешифрираат само при потпишување на фактура и веднаш се бришат од меморијата. Никогаш не ги складираме дешифрираните клучеви.
Податоци
Вашите податоци (фактури, клиенти, информации за компанија) се складирани на нашите сервери во Европа. Не ги споделуваме вашите податоци со трети страни, освен со УЈП при испраќање на фактури по ваше барање.
Достапност
Се стремиме да обезбедиме непрекината достапност, но не гарантираме 100% работно време. Ние не сносиме одговорност за штети настанати од недостапност на услугата или грешки при испраќање на фактури.
Прекинување
Можете да ја избришете вашата сметка во секое време. При бришење, сите ваши податоци (фактури, клиенти, сертификати) трајно се бришат од нашите сервери.
Измени
Го задржуваме правото да ги измениме овие услови. За значајни промени, ке бидете известени преку е-пошта.
Контакт
За прашања поврзани со условите за користење, контактирајте не на:
contact@tara.vision / contact@tara.mk