Политика за приватност

Последно ажурирање: февруари 2026

Оваа политика објаснува како денар.мкд ги собира, користи и штити вашите податоци.

Контролор на податоци

Контролор на вашите лични податоци е Tara Vision, LLC, Соединети Американски Држави. За наплата на домашниот пазар преку банковен трансфер, Тара Визија ДООЕЛ Охрид (Северна Македонија) делува како обработувач на податоци исклучиво за целите на фактурирање.

Податоци кои ги собираме

  • -Податоци за сметка - е-пошта, јазична преференција
  • -Податоци за компанија - назив, ЕДБ, ДДВ број, адреса, еУЈП ИД
  • -Дигитални сертификати - шифрирани со AES-256-GCM, приватните клучеви никогаш не се складираат дешифрирани
  • -Фактури - целосни податоци за фактурите вклучувајки ги ставките, купувачите и УЈП одговорите
  • -Клиенти - назив, ЕДБ, адреса
  • -Ревизиски записи - акции на корисникот, ИП адреса, временски печат

Цел на обработка

  • -Обезбедување на услугата за е-фактурирање
  • -Комуникација со УЈП е-Фактура систем по ваше барање
  • -Безбедност и спречување на злоупотреба
  • -Исполнување на законски обврски

Складирање и безбедност

  • -Вашите податоци се складирани на сервери во Европа
  • -Сертификатите се шифрирани со AES-256-GCM
  • -Сите комуникации се шифрирани со TLS/HTTPS
  • -Пристапот до серверите е ограничен со SSH клучеви и firewall

Споделување на податоци

  • -УЈП (Управа за јавни приходи) - само при испраќање на фактури, по ваше експлицитно барање
  • -Stripe - само при плаќање со картичка (по пилот фазата)
  • -Тара Визија ДООЕЛ Охрид - само ако изберете банковен трансфер, исклучиво за целите на фактурирање

Не ги споделуваме вашите податоци со други трети страни, не користиме аналитика од трети страни, не вметнуваме реклами.

Ваши права

  • -Пристап - побарајте копија од вашите податоци
  • -Исправка - побарајте исправка на неточни податоци
  • -Бришење - побарајте целосно бришење на вашата сметка и податоци
  • -Извоз - преземете ги вашите фактури во PDF формат

Аналитика

Користиме анонимна аналитика без колачиња за мерење на посетеност на страницата. Не се собираат лични податоци, не се користат колачиња, и не се следат индивидуални корисници. Аналитиката е self-hosted на нашите сервери.

Колачиња

Користиме само неопходни колачиња за функционирање на апликацијата (автентикација, јазични преференции). Не користиме колачиња за следење.

Задржување на податоци

Вашите податоци се задржуваат додека ја користите услугата. При бришење на сметката, сите податоци трајно се бришат во рок од 30 дена.

Контакт

За прашања поврзани со приватноста, контактирајте не на:

contact@tara.vision / contact@tara.mk

Инсталирајте денар.мкд

Додајте ја апликацијата на почетен екран за побрз пристап.